МАМО, ТАТО СПРЕМНИ ЛИ СТЕ ЗА МЕНЕ? ВИЕ ОЧЕКУВАТЕ БЕБЕ...
Бременоста е еден посебен период од животот, исполнет со многу емоции, радости, мечтаења и очекувања, но и со многу грижи, илјадници прашања, немир и страв од неизвесноста.
Училиштето за трудници и млади мајки во Болницата Свети Лазар во Скопје е специјален курс за подготвување на родителите.
|
|
Во пријатна атмосфера, преку разговор, предавања и вежби, ние ке ви помогнеме да го дочекате своето бебе спокојно, самоуверено и без страв.
Предавањата и вежбите се разделени во два дела:
- Подготовки за породување − теми сврзани со бременоста и рагањето.
- Грижа за новороденото − се за негување на бебето без проблеми.
Предложени се три форми на подготвителен курс
- Целосен курс кој ги вклучува :
- Бременост и промени на женскиот организам во тек на бременоста
- Исхрана на трудницата и доилката
- Симптоми пред раѓањето – техника на дишењето и вежби
- Што се случува во родилната сала
- Обезболување при породувањето
- Гимнастика за бремени и родилки + подарок DVD "Fitmama"
- Ајде да пазаруваме
- Совети за доење
- Капење на бебето
- Здрав дух во здраво тело
- Масажа и гимнастика на бебето
- Најчести проблеми кај бебето
- Како бонус се добива предавањето - Исхраната на бебето до една годишна возраст
Цена 3 600,00 ден.
- Скратена форма : 5 предавања
- Симптоми пред раѓањето – техника на дишењето и вежби
- Што се случува во родилната сала
- Совети за доење
- Капење на бебето
- Масажа и гимнастика на бебето
- Како бонус физичко и емотивно развиовање на бебето до една година
Цена 1 500,00 ден.
- Индивидуална форма − предавање на теми кои ке ги изберете вие
Цена 600,00 ден. за секоја тема
Во училиштето за бремени ние се стремиме да имаме индивидуален третман кон секоја жена. Часовите се во време кое вас ви одговара.
Може и после 19 чaсот, и во сабота и недела. Дали сакате во група или индивидуален курс ќе одлучите вие. Цената е иста.
Освен класичниот курс во Св.Лазар се организира и Бесплатно училиште за бремени кое се одржува секој четврток од 11 ч во просториите
на болницата Св.Лазар хоспитал ул.Новопроектирана бб.Ѓорче Петров. Темите кои ги предаваат нашите доктори се поврзани со
бременоста и раѓањето, и грижата за бебето.
ПРОГРАМА ЗА БЕСПЛАТНО УЧИЛИШТЕ ЗА ДЕКЕМВРИ
- 02.12.2010 Исхрана на новороденото до 1 година, Др. Паздријан
- 09.12.2010 Бременост и инфекции, профилакса и лечење, Др. Јаневска
- 16.12.2010 Нормално породување или царски рез, Др. Димитрова
- 23.12.2010 Здрав дух во здраво тело, Мира Бутевска
За дополнителни информации ве молиме јавете се на следните телефони:
+389 (0)2 5 112 016
+389 (0)72 273 936
|