Наши пријатели повеќе »

mk | shq | en

СМЕСТУВАЊЕ ВО БОЛНИЦАТА

Еднокреветна соба − од 16 − 20 m2, со сопствено купатило, медицински кревет со различни геометриски положби, гардеробер, медицински шкаф, маса со 2 стола за посетители, клима, парно, TV, wireless интернет и телефон.

Апартман − од 35 − 40 m2, со соба за дневен престој, трпезариска маса, сопствено купатило, медицински кревет со различни геометриски положби, гардеробер, медицински шкаф, клима, парно, TV, wireless интернет и телефон. Во апартманот има можност за престој на уште еден член од фамилијата.

Исхрана − е во склад со индивидуалните потреби на секоја пациентка. Се исполнуваат кулинарни желби поврзани со вероисповеста, како и специфичности во секојденвата исхрана (вегетаријанство, неконзумирање на одредена храна итн.).

Посета − дозволена посета во текот на целиот ден до 22:00 часот.