КАКО ДО УСПЕШНА БРЕМЕНОСТ И ЗДРАВО ДЕТЕ ?
Прв преглед
- потврда на постоечка интраутерина бременост, најдобро 10 дена по изостанување на месечниот циклус.
8 гестациска недела (г.н.)
- утврдување на плод со позитивна срцева акција.
10 г.н.
- потврда на претходно евидентирана бременост и генетско советување за можности и потреба од пренатална дијагностика.
По потврдата на вијабилен плод, се прават и првите лабараториски анализи: крвна група и Rh фактор, крвна слика (диференцијална), серумско железо, гликемија на гладно, урина, хепатални ензими, тестови за HIV и Siphilis.
12 г.н.
- мерење на NT (нухална транслуценца) и проценка на потреба од понатамошен screening зависно од резултатот, посебно кај ризична група на пациентки.
- брисеви за микробиолошка анализа, PAP тест и колпоскопија.
14 г.н.
- проценка на евентуална инкомпетенција на цервикалниот канал. Овој преглед е исклучително важен кај пациентки кои имале лошо искуство во претходната бременост−и.
18 − 20 г.н.
- УЗ преглед за проценка на фетална морфологија на плодот.
24 г.н.
- УЗ преглед во кој спаѓа и фетална ехокардиографија. Во оваа недела се повторуваат и потребните лабараториски анализи и ЕКГ кај мајката со кардиолошки преглед.
28 г.н.
- УЗ преглед, CTG запис и Dopler на a.umbilicalis.
32 г.н.
- УЗ преглед, CTG запис и Dopler на a.umbilicalis. Во оваа недела се повтараат лабараториските анализи и брисеви за микробиолошка анализа.
После 32 г.н., следната УЗ контрола се закажува за 3 недели − во 36 г.н. Потоа контролата се прави за две недели во 38 г.н.,и потоа еднаш неделно,со CTG запис и УЗ проценка на плодовата вода.
35 г.н.
Во случај да не дојде до породување до предвидениот термин, контролите се прават на 2 дена−CTG запис и УЗ проценка на плодовата вода. Пост−терминската бременост спаѓа во високоризична бременост. Затоа ставот на нашата болница е експектативно водење максимум 6 дена после термин по што се донесува одлука за нејзино завршување − по вагинален или оперативен пат, индивидуално за секоја пациентка.
ВАЖНО: Овој пакет за водење на бременоста, е производ на долгогодишна практика, искуство и следење на најсовремените трендови. Водењето на бременоста е со најсовремени 4 D и 3 D live УЗ апарати, со можност истата да биде евидентирана со слики и снимање на прегледот со USB, што го овозможува самата болница. Како наши пациенти, Вие добивате услуги 24 часа дневно, 7 дена во неделата во временски период кој Вас ви одговара односно кога имате потреба од нив. Во случај да се покаже потреба од додатни прегледи, индицирани од нашите доктори, во рамките на овој пакет, не значи промена на цените на услугите. Имате отворена можност да ја посетите нашата болница во секое време, да се запознаете со условите во кои работиме и да добиете информации за се што е од Ваш интерес. Доколку ни ја доверите нашата грижа за Вас, тоа ќе биде направено од професионален тим на доктори специјалисти, со долгогодишно клиничко искуство.
|