|
За раѓањето постојат многу легенди.
Сите сме гледале филмови со родилки, кои при породување врескаат од болка, сме слушнале раскази на мајки кои поминале преку големи маки.
Во болницата "Свети Лазар" се воспоставува почетокот на една нова легенда која се однесува на безболното раѓање во комфорна и мирна средина.
Најважното за екипата во болницата "Свети Лазар" е здравјето на мајката и бебето.
Од самиот почеток се проследуваат сите физиолошки функции и општата здравствена состојба на родилката и плодот. При постоење на медицински показатели или желба од страна на пациентката, породувањето може да се изврши и по оперативен пат.
Екипата од искусни анестезиолози гарантира целосна сигурност при правилниот избор и примената на анестезиите.
При царскиот рез се применува комбинирана анестезија. Предноста на тој метод е што збирот на две последователни анестезии (спинална и епидурална) гарантира како безпроблемна техника на извршувањето на царскиот рез, исто така и целосно ослободување од болката на породилката.
Присуството на блиските во време на раѓањето не само што е дозволено, туку и посакувано, бидејќи придонесува породилката да ги преживее моментите на нормалниот физиолошки процес на раѓањето без стрес и негативни емоции.
|