|
Вклучувањето на лапароскопијата во "Свети Лазар" многу го промени начинот на кој "Свети Лазар" ја исполнува мисијата. Благодарение на неа можеме да направиме многу повеќе за жената. Да поставиме точна и сигурна дијагноза, да "излеземе на крај" со редица гинеколошки проблеми, да го направиме зачнувањето возможно.
Во склад со конвенционалната хирургија, методот подразбира посложена апаратура, поголема вештина од лекарите, повеќе прецизност во операциите. Но, напорот се наградува, а предностите за пациентите се големи.
- Операцијата е побезболна;
- Стресот за организмот е помал;
- Не остава типични белези на кожата;
- Пациентките вообичаено се готови за испишување уште во денот на операцијата;
- Процесот на обновување е многу пократок и полесен.
Дијагностична лапароскопија
Лапароскопијата дозволува лекарите на "Свети Лазар" да поставуваат точна и сигурна дијагноза. Тие ги гледаат внатрешните органи и ткива со своите очи, наместо да ја утврдуваат дијагнозата според надворешни белези.
Се прави мал рез (од околу 1 cm) во областа на папокот. Преку него се спушта цевка (труба) и вратот од неа. Така специјалистот точно ја утврдува состојбата, го открива проблемот и препишува навистина соодветно лечење.
Лапароскопски операции
Ако е потребна хируршка интервенција, хирургот прави еден или неколку мали резови (до 5 mm). Операцијата се извршува само преку резовите, а хирургот ја следи својата работа на монитор. Кај микронавлегувачките (микроинванзивните) операции се користат специјални инструменти и медицинска обработка складна со посебностите на методата.
Лапароскопијата во помош на зачнувањето
Во "Свети Лазар" микронавлегувачките операции успешно се приложуваат и за помагање на зачнувањето. Во некои случаи лапароскопијата се поклопува со in vitro. Таа може да го подготви организмот за in vitro опладувањето.
Лапароскопијата како и секоја друга метода, не гарантира забременување, но често може да ги зголеми шансите на жената да има свое дете.
Решение за лапароскопија
Предностите на лапароскопијата предизвикуваат, но таа не е семоќна (панецеја). Решението за лапароскопска операција е строго индивидуално за секој конкретен случај во зависност од многу фактори. Задолжително е пациентот да се консултира со квалификуван специјалист, да се направат неопходните иследувања и да добие целосна информација за можните избори.
|