|
Свети Лазар - Хоспитал располага со најсовремено опремена лабораторија за in vitro фертилизација. За биолошкиот дел се грижи М-р - Биолог Ѓорѓи Доичев (линк кон екипата). Медицинскиот дел го водат Др. никола Дамчевски и Др. Ивановски. На располагање во секое време е и Др. Валентин Лачев од болницата во Софија.
Асистирани репродуктивни техники (АРТ) кои се применуваат во болницата "Свети Лазар" Хоспитал
АРТ се применуваат во светот повеќе од 30 години. Во тој временски период се родени повеќе од еден милион деца, кај парови кои не можеле да остварат потомство по природен пат или со некоја од дотогаш користените познати методи во лекувањето на неплодност.
АРТ е сложен процес кој се состои од повеќе етапи, каде што крајната цел е раѓење на здраво и доносено дете. Постојат повеќе методи кои го опфаќаат овој термин:
- Интраутерина инсеминација е метод кој подразбира посебна обработка на спермата и нејзино внесување во матката на жената, во момент на овулација.
- In vitro оплодувањето може да биде применето на два начина: кај спонтан и стимулиран циклус. Целта на стимулираниот циклус е добивање на повеќе зрели јајни клетки кои се оплодуваат во специјални in vitro услови и истите се трансферираат во матката на жената.
- ИЦСИ е технологија која се користи кај одредена група на парови, при што една јајце клетка се оплодува со еден сперматозоид по пат на директно внесување на истиот во јајната клетка.
- ТЕСЕ подразбира процедура при која сперматозоидите кои не се присутни во нормален ејакулат, се добиваат по пат на микропункција или биопсија на тестис. Добиените сперматозоиди по овој метод, доколку не бидат искористени веднаш по нивното добивање, се замрзнуваат во специјални контејнери во кои се чуваат до нивна употреба.
Во случај кога по завршената стимулација, при пункција се добијат повеќе од две јајни клетки, по нивното оплодување, истите се замрзнуваат во ембрионален стадиум, по што можат да се користат за повторен трансфер, при што жената е поштедена од повторна стимулација.
|