Наши пријатели повеќе »

mk | shq | en

ГРИЖА ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Неонатологија

"Свети Лазар" − хоспитал е првата и единствена приватна болница за гинекологија и акушерство која располага со комплетно опремено одделение за неонатологија и одделение за интензивна нега за предвремено родени бебиња. Тоа овозможува комплетна грижа како за здравите, така и за високоризичните новороденчиња.


Грижата за бебето пред и после раѓањето е главен приоритет за болницата

Екипа од специјалисти, педијатари и неонатолози, кои што се истовремено специјализирани и за интензивна нега на новороденчиња, заедно со искусна акушерка, присуствуваат на секое раѓање. Посебна сигурност на родителите им овозможува современо опременото реанимационо одделение. Навремената проценка на состојбата на новороденото од страна на искусната екипа (клинички по Appgar и лабораториските анализи) е гаранција за квалитетна реанимација во првите минути од раѓањето. Раната адаптација на новороденото е олеснета преку термонеутрална средина (инкубатор) во првите два часа после раѓање. За секое новородено е обезбедена профилактичка доза на витамин К. Понатамошната грижа за бебето и контролата на неговата здравствена состојба од страна на медицинскиот персонал, продолжува по протоколите на двете болници − "Свети Лазар" − хоспитал во Скопје и "Свети Лазар" − хоспитал во Софија.

  • Секојдневен клинички преглед
  • Проценка на хранењето и совети на мајката за исхрана на детето−секојдневно
  • Лабораториски анализи − по проценка
  • Извршување на потребни ултразвучни ехографии
  • Имунизација
  • Совет за понатамошна грижа и третман на бебето по испишувањето

Истовремено е испочитуван индивидуалниот пристап кон секоја пациентка, во зависност од нејзините потреби.

Посебно внимание се посветува на контактот со родителите. Крајна цел е при исписот од болницата, тие да се чувствуваат сигурни во грижата за своето дете.

Врвен приоритет на болницата се висококвалитетни конзумативи и козметика.

Знаењето и учтивоста на медицинскиот персонал, конфорот и спокојството на болницата, се гаранција за психичка релаксација на младите мајки.