Наши пријатели повеќе »

mk | shq | en

ЕКИПА

Проф. Доктор Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер, субспецијалист по урогинекологија и гинеколошка хирургија, доктор по медицински науки со 27 годишно меѓународно професионално искуство. Медицински факултет и специјализација: Медицинаки факултет Скопје. Стручни престои: САД, Англија, Шпанија, Германија, Словенија. Субспецијализација: САД и Македонија. Нострифициран и лиценциран специјалист гинеколог акушер во Шпанија со развиена пракса во реномиран медицински центар "Teknon" Барселона − Шпанија. Член на бројни домашни и меѓународни стручни асоцијации. Претседател на здружението за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија на Р. Македонија.

Доктор Николче Дамчевски, специјалист гинеколог−акушер кој студиите по медицина ги завршува во Софија 1997г. Специјализира на Универзитетската болница "Мајчин дом" во Софија под раководство на проф. Караѓозов. Член на Бугарската асоцијација по стерилитет и репродуктивно здравје, на бугарското друштво по Акушерство и Гинекологија. Член на ЕШРЕ. Член на здружението за хумана репродукција на Р.Србија. Сертифициран за оперативна лапароскопија од Проф. Х.Хошиаи - Јапонија, за колпоскопија од Проф. Караѓозов - Р. Бугарија, за хормонска терапија од Проф. Карл Џераси - САД. Сертификат од МЕДИСОН за 3д/4д од проф.Карим Калаш. Специјализација и стручен престој во областа на стерилитет и InVitro фертилизација реализирана во Швајцарија, Бугарија, Чешка и Словенија. Ученик на тимот кој го направи првото бебе во епрувета во Р.Бугарија само неколку години после Лујза Браун.

Доктор Станка Димитрова, специјалист гинеколог−акушер со 25 години работно искуство. Специјализирана во областа на перинатологијата, патолошката бременост, следење на бременост и акушерство. Стручен престој реализиран во Швајцарија, Бугарија, Србија и Грција.

Доктор Ѓорѓи Николов, специјалист по гинекологија и акушерство со 16 годишно работно искуство. Специјализиран во областа на гинеколошка онкологија, перинатологија, асистирана репродукција, ултразвучна дијагностика со интервентен ултразвук. Стекнати сертификати во овие области за време на стручни престои во Македонија, Словенија, Бугарија и други земји.

Доктор Маја Јаневска − Василевска, специјалист гинеколог акушер со 15 годишно работно искуство на Универзитетската Клиника по Гинекологија и Акушерство во Скопје. Специјалистички и субспецијалистички престои остварени на следниве Универзитетски Клиники: King's College Hospital, Лондон − Англија, "АКХ"- Виена − Австрија, Љубљана − Словенија, Софија − Бугарија. Специјализирана во областа на пренатална дијагностика и водење на бременост со висок ризик.

Доктор Ирена Андонова, е специјалист гинеколог акушер со 11 годишно работно искуство на Клиниката за Гинекологија и акушерство - Скопје од областа на гинеколошката хирургија, ендоскопијата, интервентниот ултразвук, како и нормална и патолошка бременост. Медицински факултет и специјализација на медицински факултет – Скопје. Стручни престои во неколку центри во Европа и САД. Член на повеке здружениjа за Гинекологија и акушерство во земјава, како и меѓународни здружениjа.

Доктор Анка Ханџиска, специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување со 25 години работно искуство. Стручен престој реализиран во Германија, Србија и Црна Гора.

Доктор Елисавета Томова, лекар специјалист во Анестезиологија реанимација и интензивно лекување. Дипломирала на универзитетот Кирил и Методиј 1989,Специјализација завршила на КАРИЛ-Скопје, во анестезија од 1999. Со меѓународно искуство во Бугарија и Босна и Херцеговина...

Доктор Лидија Паздријан, специјалист педијатар − неонатолог со 11 години работно искуство. Специјализирана за работа со високо ризични новороденчиња на одделот за неонатална−интензивна нега. Стручен престој реализиран во Швајцарија, Словенија, Автрија и Турција. Член на Европското здружение за педијатриски болести.

Доктор Искра Мартиновска, специјалист педијатар – неонатолог. Дипломира на Медицинскиот Факултет во Скопје во 1996г. Работното искуство го започнува на Универзитетската Клиниката за гинекологија и акушерство во 1997 година како волонтер, а од 2000 година е во редовен работен однос на истата клиника на одделот за новородени. Специјализацијата по педијатрија ја завршува на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Како специјалист работела на одделот за интензивна нега и терапија при одделението за новородени на ГАК.

Инг. Благица Радеска, биолог/ембриолог. Во 2005 година дипломира на Биологија- биохемиско-физиолошка насока на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. 10 годишно работно искуство во медицината, од кои последните 3 специјализира во областа на асистираната репродукција. Стручен престој на ИВФ одделот при Риксхоспитал, Осло, Норвешка.

Доктор Георги Доичев, биолог/ембриолог. Во 2003 година, Др, Доичев дипломирал Биологија на Универзитетот "свети Климент Oхридски" во Софија. После специјализацијата по молекуларна биологија и генетика, продолжи со специјализација од областа на асистираната репродукција во Универзитетската Клиника во Либек, Германија и во Епендорф едукативниот центарот во Хамбург, Германија. Од 2010 година Др Георги Доичев е ESHRE сертифициран клинички ембриолог.