Наши пријатели повеќе »

mk | shq | en

ДОГОВОР СО ФЗО

      Од Јули 2010 година болницата има потпишано договор за спроведување на биомедицинско потпомогнато оплодување на терет на Фондот за здравствено осигурување. Информации на www.fzo.org.mk


      За пациентките кои партиципираат сопствени средства за постапката, цената е 71.000,00 денари (за ИВФ и ИЦСИ) и е најниска цена во Р.Македонија.


      Одделот за хумана репродукција во болницата Свети Лазар - Скопје, нуди врвен професионализам и квалитет на услуга според најновите светски стандарди.


ДОБРЕДОЈДОВТЕ !

     Добредојдовте на интернет страната на "Свети Лазар Хоспитал" − Скопје. Нашата болница е приватна гинеколошко−акушерска болница, дел од ланецот болници "Свети Лазар" и располага со најсовремени и комплетно опремени амбуланти, родилни сали, интензивен неонатолошки сектор, операциони сали, лабораторија за крвна анализа, in vitro лабораторија, лабораторија и банка за матични клетки и соби за смештај.

Брендот "Свети Лазар Хоспитал" има 10 години исклучително реноме во областа на медицинските услуги−гинекологијата и акушерството, лекувањето на стерилитет и банкирање на матичните клетки.

Сопственици и раководители на стручниот медицински кадар во болницата се Д−р Тијана Николова − специјалист, акушер−гинеколог и Д−р Валентин Николов − специјалист, акушер−гинеколог и доктор на медицинските науки.

За докторите на "Cвети Лазар" најмодерните технологии и практики не се само слики во медицинските списанија, овде науката е поставена во услуга на пациентите.

Мeдицинските услуги и најсложените гинеколошки операци во "Свети Лазар" се водат под строга контрола на квалитет, кој е во согласност со високи меѓународни стандарди и протоколи подготвени на база на потвредното медицинско искуство.

"Свети Лазар" располага со сопствена банка за матични клетки и е прва гинеколошка болница со одделение за интензивна терапија и нега за предвремено родени бебиња.

Вие и Вашето бебе заслужувате вистинска нега. Доколку дојдете во "Свети Лазар" ке бидете среќни и задоволни, чинот на породувањето ќе го доживеете како најубав чин, а Вашето бебе здраво и задоволно ќе го отпочне својот живот.

Оваа web страница е дизајниранa да Ви даде повеќе информации за лекарската екипа и услугите на нашата болница.

Доколку сакате да не посетите и да се уверите во квалитетот што го нудиме, докторите и персоналот на "Свети Лазар" се секогаш тука за Вас.